сочини св.
сочинител м.

сочини (св.)

А само чекор понатаму од мене на сите страни се шири до бескрај една ливада, едно зеленило, едно шаренило што можат да го сочинат сите цветови на светот и воздухот е толку чист, просто му ги гледам кристалите како пукаат низ него и го прават сѐ побогат и така што дишењето таму е толку слободно и длабоко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Убавината е сочинета од цветови во сите бои, но преку нив преовладува црвената а под неа како да тлее меката чадлива жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во таа теорија на слики Витгенштајн тврди дека исказите од кои е сочинет јазикот се аналогни на низи од слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа и двете нешта ги нацртав така да не личат на ништо од овој свет; логотетот постои на овој, земниот свет, и гласовите од кои се сочинети имињата за она што постои и што видливо е – немаат значење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та нели светот земен е понесовршен од светот небесен, па еднакво така и од понесовршени нешта треба да биде сочинет?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А реченицата прекината продолжуваше вака: „... да не може да го види ѓаволот; а едниственото место од кое тој не може да те види е неговото место; посакува, велам, човек да застане на местото негово, на местото од нечестивиот, и да види што тој гледа; а гледа сигурно слово поинакво од она што е сочинето од книгата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сочинета од маглив превез или нешто слично, превез кој наеднаш се растопува и исчезнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Често и самиот се трудам да сфатам зошто токму таа мора да се повикува на гладот на машките очи, на слабостите од кои е замесена женската ќуд, на заборавноста, на недоразбирањата од кои е сочинет светот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)