соединува несв.
соединување ср.

соединува (несв.)

А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога историската неопходност категорички ни изјавува: Македонци, или соединувајте се меѓу себе и отцепете се од другите балкански народи или гответе се за дележ на нашата татковина! – сите искрени патриоти Македонци ќе го примат првото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле изјавуваа: Каков интерес имаат Македонците да се соединуваат со Бугарија, кога од тоа соединување ќе има полза повеќе Бугарија отколку Македонија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во оваа загадена јама луѓето ја наоѓаа нишката што ги соединуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гостите и туристите, кои дошле во Париз, најмногу сакаат да однесат спомени токму од оваа париска панорама која во себе го соединува можеби најубавото од овој дел на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Запалки на нагазување: притисокот се пренесува преку нагазното вретено на вретеното кое се соединува со контактниот испуст и го затвора струјното коло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Идентитетот комплетно се губи, а јаството се соединува со сѐ она што е вон него, со чувство unio mistica.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најтаинствениот „магичен квадрат“ кој ги соединува анаграмите и палиндромите, е славната формула Sator Arepo.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во одредена фаза од оваа воинствена историја разни племиња се „соединуваа” по национални основи, и едно време тоа „цивилизациски” функционираше, но да не заборавиме дека во таа функција спаѓаат и две светски војни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Соединувајќи се со стварноста, затоа што си дел од неа, ја прифаќаш како убава, почнуваш да ја гледаш како убава, вклопувајќи се како среќно камче во големиот светски мозаик на стварниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го опоменува ведата која го соединува со растенијата по светлосни вертикали. Прашањето за коешто нема милост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кровот направен од сламени долги нежни стебленца, кои од двете страни се потпираа на еден трупец, на врвот се соединуваа, па така изгледаа како капа на бунарот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се соединуваа душите, се избираа меките зборови на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По смрта на Сталин почнавме веќе да се соединуваме со родителите... Секако, со тие кои останаа живи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој е нивното духовно богатство. Тој ги соединува и си оди.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)