сновидение ср.

сновидение (ср.)

Зошто токму сега и тука се повторуваат таквите сновиденија и на наш човек? Зошто?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ќе да е така, додадоа и трети, само ќе треба да молчиме никој да не разбере за сновидението.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Без сомнение злото ќе си го покаже лицето кога на силните полувистини и нечесни сновиденија ќе им се пријде без предрасуди и лаги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сновидение за тебе беше за мене молк, пред лелек...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Немир,тој авет зол, злобно поттропнува по портата на моето сновидение за да се вгнезди, во празните одаи на срцето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Погледот ме водеше во психогимнастички ритам на сеќавањето што копаше по твоето минато -кој не се обидел, не успеал да го врати сентименталниот спој на стара приказна од моето и твое сновидение...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)