слободарски прид.

слободарски (прид.)

Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Крушево стана Република - прва на Балканот - десет слободарски и херојски деноноќија!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Погледот заскитан некаде, како да го гледа слободарскиот дух над Македонија, ја гледа слободата пред себе во нејзиното свилено руво,исправена како им се доближува...па потоа пак им бега, како свилена сенка од облакот на слободата која ке се зададеше за миг, за потоа пак да се скрие...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Рајчани се пренесе песната. Селаните ја прифатија како слободарска песна.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во месечното списание Современост во ноемврискиот број на 1957 година Климент Камилски ја објави студијата Ромен Ролан за Октомвриската револуција, во која ги распосла своите слободарски и мирољубиви идеи, кои некогаш за малку глава ќе го чинеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)