сликање ср.

сликање (ср.)

Сликарот се лутеше што татко му нема разбирање за тоа, но Столпника го засака толку што постојано идеше или го викаше дома да му помогне, да го упати во сликањето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Овој ден е само за сликање, како порачан за сликање, рече некој, загледан кон полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На една, четворица пијат кафе, - тројца наместени за сликање со укочени торза и збунети полунасмевки.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Чувствувам толкава страст кон сликањето!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа интересирање може да се доведе во врска со (како корозија) гадното абење на уметничкиот јазик, кое Дишан го признаваше откажувајќи се од „сликањето“, заплеткувајќи ги сѐ повеќе традиционалните конотации на уметничката постапка и стремејќи се кон (менталниот и оперативниот) постојан „развој“, од онаа страна на зачмаените и утешителни „суштини“ за „делото“ како објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе не можев да пристапам кон случајно цртање или сликање, нанесување на боја.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи елементарната кинестетичност е условена од природата на медиумот, Ворхоловото сликање на неподвижен објект со неподвижна камера во траење од осум часа може да биде доживеано како исмевање на основните атрибути на филмот, а Empire како најконцептуален филм некогаш снимен, или пак како најдоследно спроведен реализам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го одредив своето парче за сликање и поставив работна плоча пред прозорот, но и понатаму ролетните ги оставав спуштени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сликањето на предметите им соодветствува на дивите народи; знаците за зборови и за реченици на варварските народи; а алфабетот на цивилизираните народи. Жан-Жак Русо, Essai sur l’origine des langues
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Испијте го чајот, каснете што сакате, - ете овој колач со крем, - но потоа јас сакам да го продолжам сликањето!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Филмот е толку далеку од црно-белото сликање на карактери и настани, што при првото прикажување (во времето меѓу војните) доста критичари му префрлаа дека ги оцрнува сојузниците, кои се прикажани како разединета, колеблива група за разлика од одлучниот и мирен непријател.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неговиот технички придонес во ликовните уметности лежи во легитимирањето на комерцијалната техника свилено сито, процес кој е една автентичната „новина“ во историјата на сликањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наместо вообичаеното сликање во масло и во дебели наслаги, овие уметници ја развија постапката на разредување на бојата со бензин, што овозможи брзо боење на поголеми површини и одговараше на нивниот импулсивен стил.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со спокоен глас му објасни што му се случи при сликањето или пресоздавањето свое во портрет на Непознатиот и на загадочниот настан со обликување на децата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А за нив? Ако се кандиса, колку и да е далдисан во своето сликање, таа ќе му помогне да приправат барем едно ќоше од неговата шупа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе