скршено прил.
скршен прид.

скршено (прил.)

Ви се молам, простете. (Се оддалечува, збунето и скршено.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој се срамнуваше со скршено од првиот истрел оружје, оставено засекогаш неупотребливо и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На тесната поврвнина од ѕидот се црнееше стаклото со едво скршено окно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дремеше врз ’рѓосаните шини со скршено железно срце во осовините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нејсе, скршено ли е и секое изводи свои бесни глисти...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Да појдеме и да јавиме оттаму дека дрвцето е скршено, дека чешмата во паркот е запустена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— Немам ништо скршено, му се оѕвивам и трепкам ко ласица во папратта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Имаш нешто скршено, го слушам оттаму Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред гаражата СТОЈАДИН со смачкана лева предница и скршено предно стакло.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
О, ангелче со скршено крило, љубовен звук, згазен во цут!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нешто чкрапна, како да се отклучува врата, потоа одекна тресок од скршено стакло.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новата грижа внесува и малку радост во нејзиното скршено срце, најпосле подобро ќе биде да води разговори со Костадин отколку со Танаско.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во меѓувреме со скршено здравје го роди и третиот брат Стево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да можеше некој да наѕре во нејзиното срце. Тоа беше скршено засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се има скршено нешто длабоко во неа!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понекаде под него се покажува скршено гранче од врба. Лисјата се одвај зажолтени.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
До неа, во салонот допира звук на скршено огледало.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како да беше скршено едното крило за лет кон Истанбул.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе