склони св.
склон прид.

склони (св.)

Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не биди аџамија, можат да се докачат сватовите... - со присторено весел глас му рече Мискарица, настојувајќи на севозможни начини да го склони Пандета да се откаже од својата намера да ја види момата пред стројот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Вечерва ќе се обидам пак, можеби ќе го склонам да ми даде изан да го полагам мајсторскиот испит“, - си рече Веле, решен најотворено да разговара за тоа со Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби Симон се склонил зад вратата на оставата, откако ме посматрал од тремот, додека јас стоев во светлиот круг на дворот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)