сестриче ср.

сестриче (ср.)

Во оваа група попадна и Ангеле Трајков, внучето на дедо Богдан, кого што татко му Трајко и мајка му Велика си го исплакаа и се задоволија со неговото сестриче близначе Анѓа и постарото братче Јована.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Навистина! Летка како да е вистинско!“ - се чудеше сестричето плескајќи со дланчињата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Се разбира! Ќе дојдат!“ - извика радосно сестричето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
ГРАДИНЧЕ Во една голема зграда, таква какви што има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, таму некаде на еден од трите катови живееја едно братче и едно сестриче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Вечерва тој на своето мало сестриче ќе му раскажува за убавото, малечко зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица ѝ оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш мислев дека ако се родеше некое братче и сестриче немаше тоа да биде незгодно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Во едно семејство се родиле братче и сестриче - почна Вера, а во гласот и се слушаше голема возбуда, толку голема што некои зборови ги изговараше до половина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога размислував за сето ова, мислев колку Марина беше среќна, што имаше барем баба кај која можеше да побегне, а и немаше помало сестриче како јас Ели, за кое мора да се грижи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа немаше ни братче ни сестриче. Можеби затоа ги сакаше сите дечиња како братчиња и сестричиња.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога губевме братче или сестриче, ја очекувавме новата рожба, како некое враќање на нашите изгубени браќа или сестри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Помеѓу сите нас, живите, имаше по некое братче или сестриче што ни го одзела смртта и ние никогаш не можевме да го прежалиме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го очекувавме плачот на нашето братче или сестриче, за да ги претвори мајчините болки во смирени и радосни извици, нашиот страв во радост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото ситно сестриче, премногу мало за да ја разбере играта, седеше потпрено на една перница, смеејќи се затоа што другите се смееја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со часови понекогаш седеше речиси неподвижна на креветот, држејќи го неговото помало сестриче, едно ситно, болешливо, мошне тивко детенце од две или три години, со лице речиси мајмунско од слабост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото ситно сестриче, обесено на мајка си со двете рачиња, како мајмунче, молчеше гледајќи во него преку мајчиното рамо со големи, тажни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А само едно од нив ја имаше премијата, односно сликичето на слончето. Сестричето доцнеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сестричето го одмина дуќанот каде што се прода­ваше брашно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко немаше пари и ние да си купиме козичка, да се спасат Мајка и идното братче или сестриче во неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе