сектор м.
секторски прид.

сектор (м.)

Не се смееше, беше потсмешлив. „Не верувам дека секторот ВИП* е за потценување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се обиде и тој да му напише една од оние прости картички, што се продаваа во нивниот кооперативен сектор. Не успеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклет да бидам, на сите сектори лагата цутеше како пиреј. Се колнам, стоотстотна лага.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сфатив јас најпосле дека во приватниот сектор се парите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кралската влада му испрати изјава на Друштвото на народите во која наведуваше дека Комисијата за разграничување имала само обврска да ја потврди граничната линија на тој сектор утврдена со Лондонскиот протокол, но без право на било каква измена и модификација.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во намера да ја оствари оваа цел, изложбата не беше презентирана во линеарен, хронолошки манир, туку беше поделена на тематски сектори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред извесно време Европската унија во потполна тајност направи договор со кој нејзиниот пазар се затвора за металната индустрија на земјите од Исток, што е еден од малубројните сектори на кои тие земји можат да произведат нешто барем приближно конкурентно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Огромните дотации за земјоделскиот сектор предизвикаа многу несакани последици: хиперпродукција, расипништво, еколошки штети.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гле­дач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на прет­ставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На самиот влез нѐ пречекува директорот на Атеистичкиот музеј заедно со шесте водичи - конзерватори, секој задолжен за еден од секторите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Завршува програмираниот рецитал на водичите - конзерватори на Атеистичкиот музеј, претставувањето на сите сектори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, ако некоја ваша единица мора да остане на заземениот дел од комуникациите потребно е претходно да го известите сојузничкиот офицер за врска така што воздушните сили би избегнале да го нападнат тој сектор од комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според планот територијата на цела Југославија била поделена на сектори: партизанскиот командант и британскиот офицер при неговиот штаб биле одговорни за секој сектор и на тој начин биле поделени целите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Третата група баталјони со Главниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија требало да заминат на 31 јануари од с. Зборско со задача да ја преминат реката Вардар, да се пробијат низ Источна Македонија и да избијат на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница и да се соединат со македонските, јужноморавските и косовските единици.113
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Останав сам крај Мајка, додека брат ми и сестра ми се растрчаа по другите сектори да бараат дерман за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе