северец м.

северец (м.)

Северецот се засилуваше и довлечкуваше сѐ повеќе студ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така цел ден. Ноќта му налета Северецот, и се грабнаа. Ечеа ридовите и планините.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XVIII Северецот и Југот пак почнаа да се бијат над селото; луѓето изнапатени од нивните завери со кои правеа пустош, се ежавеа и ги колнеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Што сака нека биде, желбата што го носи е поголема од дебелината на снегот, посилна од гладот, од свирењето на северецот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
_____ 5 Бегалците се радуваа што дедо Господ ги немаше сосема заборавено штом приближувањето на следната година го проследуваше со топло време, нека потрае, нека потрае, си велеа, дрвцата од социјалното пламнаа со првиот голем снег, убаво е штом северецот го замени југот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А овој, цртежот, што влече накај тројка, на кој попусто цртам насмеани сонца и облаци што си одат, цветни полјанки, овошки зрели, сместен во ормарот на сеќавањата, никако да го згрее Северецот што бричи и да го претворат во врел Југо, што гали како чаршаф свиленкав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)