свршен (прид.)

По малку време се приготвиле свадба да прават за Босилка, чунки одамна била свршена.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зошто не ти е ни свршена, ни венчана. Слушај, мајка што ти вели!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не е ред веќе да се видуваме... Свршена сум...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Кога не можам. Ја нејќе тој неа и — свршено.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
ИЛИЈА: Во последен час, но не и во свршен час! (ЗАВЕСА)
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Другарите разбраа дека разговорот е свршен. Си излегоа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Есента пак се отвори училиштето и Крле разбра дека Стојан Жиовчев, Трајко Мидмов, Трајко Јанов, Божин Попов и други свршени ученици од IV одделение и I клас ќе одат во гимназија во Прилеп, каде што се отворил пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислеше: вака ем работата на Лумана свршена, јас пред луѓето добар и богатството мене поголемо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да, сѐ мина веќе и свршено сѐ е.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И навистина никој не памети да го видел или чул Аргира, да пофали некого или да каже барем еден добар збор по свршената работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но... Задоцнив. Сѐ беше свршено. Неа ја немаше. Ме оставила. Си отишла... визит-карта
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не успее ли - свршено е со Луков, засекогаш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По свршената акција, Методи нека дојде веднаш овде, а ти не доаѓај сѐ додека не си сигурен дека не ве следи никој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе