свртен прид.
сврти св.

свртен (прид.)

Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој му ги покажа од мракот своите сетерски уморни очи и воздивна: „Не ви се потсмевам, а адвентистот, таа потајна омраза свртена кон број 9, се замеша: „Не сфаќам зошто би ни се потсмевал овој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој се наоѓаше некаде далеку од оваа сала и тука беше само неговото тешко опуштено тело и маската на неговото лице, безизразно замрзната и свртена кон Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Луѓето заслушнати, заприлегаа на згуснати сенки. Нивните лица беа свртени кон очите на момчето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во светлината на прозорецот од спротивната страна на улицата тој гледа жена свртена со грб кон улицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште на првиот истрел мечката го остави зад себе раскинатото дивојарче и остана свртена накај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После можеше да ги сети и оние двајца, што одеа напред, знаеше дека му се свртени со тиловите, но и тие на некој начин како да му беа видливи со онаа нивна зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Среде одеа селаните, а напред и назад беа војниците, со свртени пушки во нив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Прозорците на двете куќи свртени се како очи едни кон други. И цело време само се гледаат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од свиокот зад ридот се покажа воз. Човекот застана свртен со лицето кон пругата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа пак гледа во своите раце, ги шири со дланките свртени угоре, како да одмерува нешто тешко, па додава: - Знае мојот Ванчо дека тие чесно го хранат и раснат!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги ѕирна говедата и овците, кои вознемирени, исправени на нозе, со глави свртени кон влезот, го наслушнуваа волчешкото завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не престануваа да лајат, со кренати глави, свртени кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако пред нив беше земјена брана. Доста им беше тоа што беа натаму свртени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кучињата лаеја, свртени кон коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги построија во два реда, свртени напред, Србин му е зад грб.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе