свири несв.
свирипиле ср.

свири (несв.)

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Слушајки го чрчорот птичји што достига довде, целиот пролетен брбор — На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал, го пее ова просјак сед; а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш го запишав од ред до ред.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гајдите свират, дури саѓите паѓаат од гредите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А од кај ридот пукаат, се бијат! Свират куршумите!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Од север ветар на прозорецот ми свири!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Како ќе ги свират свирките, така ќе ги мрдаш нозете. (Го фаќа за другата рака и му шепнува.) Ајде, орото е — крајот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Така! Удирај се сам! Те стигнаа клетвите сиромашки! (На свирачите.) Свирете ја сега со мекам, полека... за играње! (Игра старо оро, Поцко го следи во чекор, сѐ пред Теодос, околу него.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме, веселба правиме, како што е адетот и редот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: Речете: да го поздравиш! Ај, речете оти не ќе ви праќа ни пари ни тутурка да свирите...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(Свирачите прво ја свират аријата, потоа пеат прифатена од присутните.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вешт човек - можеше да свири и на метла.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А таа, ене, само му дава ишарет што повеќе да свири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И убаво свиреше Крсте, та штом го рече „тешкото“, и самиот Пере се фати на танецот и почна да се крши и врти како што се кршеше на сретсело кога правеше ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тој пак, иако „голем човек-ќатип“ на целата витолишка општина, во „френцки“ алишта облечен, не се срамеше и не се креваше наголемо, како некои селани што се беа пограѓаниле, та сметаа за простоталак да свират на гајда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лага или химна на сонуваниот ветар што свири во празна уста со недоречена песна. Песна, рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Свири на виолина, ми рече една вечер. Свирев и те гледав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе