свадбен прид.

свадбен (прид.)

Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но место да чуеш ти радосна свадбена песна -тажачка слушаш да пекам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Таков е примерот со рибата лосос и со јагулата кои по мрестењето умираат; па и трутот кој со свадбениот лет умира, како и многу други видови скакулци и пајаци кои по оплодувањето угинуваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да им беа свадбени дарови, а можеби од оние првите, што се фрлаат по река за умрените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа се наоѓа во свадбената ложница на Ерос.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Попладнето Џорџ Смит излезе надвор и појде кон океанот што се брануваше со широките упадни движења на час топлите, час студени луѓе, кои при крајот, со залезот на сонцето, со телата обоени како ракови, печени гулаби и гвинејски кокошки, тргнаа тетеравејќи се кон нивните хотели во облик на свадбени торти.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во вистинската љубов, сѐ се враќа, на чудесен начин се премостува времето. – За патувањето во Италија, мили, јас, за прв пат, си ја облеков одеждата од свадбените дарови што ми ја донесе ти, за нашето свадбено патување!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Алегра запозна две веридби, но никогаш не го вкуси свадбениот ритуал, сласта на брачната постела, првата брачна ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека го изговара древниот текст на свадбениот договор, Јехуда ги мрда усните, а потоа кога сè е завршено, го крева погледот кон мајка си, која го гледа синот со милост потврдувајќи му со главата во знак на одобрување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе