свадбарски прид.

свадбарски (прид.)

Дури најпосле не се зададе полека, кротко, со сите свадбарски церемонии сериозниот дел од војската — со сите главешини: стариот сват, нункото, деверите, меѓу кои и зетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедото како да е без тежина; свадбарски подрипнува, брза пред нас, чекори кон нешто непознато но долго сонувано.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еве ја превисоката порта на оној еден тетин, исто така, тетин Герман каде што Шишман скрши стомне и после за да не плаче некоја жена му даде цела свадбарска џувка со шекерчиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ете, јас, сакатиот Нумо, кому и јазикот сакаат да му го откорнат затоа што вака прашуваше, те прашувам тебе, што си постар и што си видел повеќе од мене, ама не си го видел Грамос, не си го видел Вичо, не си ги видел сакатите девојки и момчиња и не си се запрашал како ќе го поведат орото свадбарско...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет од Јаковиот род, Никанор Набожник, самоповикан псалтик, таен учител, неграмотник во лита мантија, всушност пребојадисана дервишка антерија, со секира му исекол рака на некој Черкез, џамбаз и измамник, и избегал на планина, таму по еден Божик да го расчеречат во свадбарски занес прегладнети волци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сети на зборовите на една свадбарска песна... невеста се од корен корнеше... но не беше ни невеста...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се порадуваа малку на младенците, де вино, де нешто ракија, сиромашки се направи адетот свадбарски, колку да легнат заедно... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дека не сум маанаџика и дека свадбарската порција секогаш ми била тамам погодена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)