сапуница ж.

сапуница (ж.)

Ако е така, тогаш мојата сонувана одмазда да станам фантома и да праќам писма ќе прсне како клубурче од сапуница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под испреплетеноста на неговите прсти шушка сапуница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислеше на езерото, на капењето без сапуница, а најмногу мислеше на тоа дека ќе прави сѐ што ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А замислете: тој седи во белата када полна со сапуница како разгален принц среде море сладолед и ги пее овие чудни звуци.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пустите празници што ги пречекувавме со поглед, испилен од сапуницата в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ти потоа влегуваш во таа миризлива бела, или сина, ини црвена сапуница, зависи, по ќеф, каква ќе си избереш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А како бре, главчо, ќе ја истресеш или ќе ја излижеш од себе таа миризлива бела или сина или каква друга кралска сапуница? А? Добро вели човекот. Под туш! Само под туш! Раскажувај, другар!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Тоа е омаловажување на братскиот бугарски народ, црка Панделеев, сапуница му се полни устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А глувците само се дујат и растат, се креваат ко гнасна сапуница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Да сакав“, беше рекол О'Брајан, „ јас можев да реам како меур од сапуница.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И неговите зборови за мир, неговата верба во цивилизациските придобивки на дијалогот и на разбирањето се распрснаа како меур од сапуница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Растојанието треба да го почувстуваш како предност и да ја опишеш лутата сапуница на надежта во душата што ти влегува по којзнае кој пат те зазема како што се зазема туѓа територија те присвојува како што се присвојува туѓо дете и за сето време на мис-мириса.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На времето, на просторите што денес се викаат бивша Југославија, многу популарна беше телевизиската сапуница „Династија“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе