самоуништување ср.

самоуништување (ср.)

Во огнот на неговото самоуништување умирала младата птица на пролетта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грижата на совест нараснува до самоуништување, јас морав да си признаам дека концептуалната имагинација произлегува од дното на немоќта и на наследната неплодност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Жртвената машинерија до синдромот на самоуништувањето, идеја на честа кај народите на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За тоа е потребен чин на самоуништување, напор на волјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Всушност мене ми недосатасуваша проценката на последиците од кои би можело да ме избави самоуништувањето?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Синдром на самоуништување Ти велиш: „На работ сум“!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се мразам и го гризам јазикот, за да не ја повторам катастрофалната грешка, зошто знам дека, во таква инквизиција, го поттикнувам своето его на самоуништување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Незрело однесување. Контрадикторност, стремеж кон самоуништување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Отровна како мојава склоност на самоуништување.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Жртви на синдромот на самоуништувањето? На проклетството?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)