самоволие ср.

самоволие (ср.)

Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зборувам за митското, племенско размислување, за дивјаштвото, примитивизмот, за неписменоста, за криминалниот менталитет, за кражбите, за лагите, за легализација на лагите, за културата на лажењето, за самоволието, за новокомпонираниот рурален менталитет којшто плаче додека убива и убива додека плаче...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неколкумина млади, образовани, крајно сензибилни сликари, вдахновени со антикласицистичко самоволие, бараат нов стил.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Освен тоа, се јавуваат критички гледишта наспроти постоечките верзии на Постмодерната (пред сѐ наспроти чистиот историцизам и еклектицизам и наспроти исклучивото самоволие).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Верував дека секоја наша постапка ја води оној познат природен инстинкт кој ги почитува воспоставените правила на однесување и не му се препушта на самоволието.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Небаре врела вода на врел воздух искрснува, питома ем складна змиски устремена, како што ѝ прилега кога на-една-душа го шмука сиот живот себеси за да се надмине да го усоврши чинот - самоволието!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во тој момент ги немаше контактирано 118 подрачните трудови инспектори, кои можеа парично да го санк- ционираат ова самоволие на работодавачот, бидејќи воопшто не беше сигурен во нивното ефективно влијание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)