роси несв.
росица ж.

роси (несв.)

Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Од темното небо ситниот и благ дождец росеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Надвор почна да роси ситен дождец... Трајче стана и ја доближи главата до скршеното прозорче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сето бело едно прасе, со кадрави руси коси, чадор носи - врз чадорот песок роси...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тебе не те задоволуваат патувања во позната насока сакаш да кажеш носталгија а да не биде типично: татковинска болест, на пример еротиката е носталгија по родниот крај (и се раѓаш таму, и свршуваш) со топло и сочно подножје реагира на допир, роси се распаметува, илегално и легално јас не сум секогаш во јас-форма јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го позна по гласот. - Врне ли? - Да, господине генерале, роси.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)