рикање ср.

рикање (ср.)

Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Небото, како лути оси го пореа роишта метални птици, а далечините вриеја од рикањето на топовите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А бидејќи тоа беше ден на преселувања Народи доаѓаа од кај морето оставајќи го само та жестоко рикање ги прогонуваше и страв.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Што призива овој `рѓосан меч, Ова црно рикање на добиток во летна ноќ, Што сака да каже оваа лузна на душата?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ повеќе личел на човек дробен и боден од копита и многучепорести рогови на елен за време на неговото рикање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се истави од автомобилите што минуваа со рикање.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Со километри надалеку, јуреше со силно пеење и рикање — змејот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од телекранот допре бесно, заглушно рикање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Небото, како лути оси го пореа роишта метални птици, а далечините вриеја од рикањето на топовите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Рикањето на бикот Чако не се слушаше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо, оглуве на рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од другиот крај на гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама, некои силни ветришта ја однесоа маглата и по некое време од другата страна на пампурот слушаме силно и испрекинато рикање. Свиреа некои други пампури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред него беше нашиот вујко Косров, огромен човек со калеша глава и со најголеми мустаќи во долината Сан Јоаким, човек толку буен по темперамент, толку раздразлив, толку невнимателен, што секого го запираше да зборува со рикање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
еден параглајдерист си има стар обичај одозгора да им ги слуша мислите, а не рикањата на магарињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе