рженица ж.

рженица (ж.)

Истргаа еден сноп `рженица, го преврзаа на две за перница и се кутнаа да спијат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Инаку по другите греди стоеја наредени снопови ’рженица, косила, вили, лавдари и разни други предмети.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Донесуваа рогузини од `рженица, ложнци, ракија, млад кромид, лук, пиперки и прстени погачи: на месечина, на огништа од суви лепешки и суварки редовниците приготвуваа за вечера свири пиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лицето му е истанчено, проѕирно, бело, а од болеста и од сонцето уште побело и уште попроѕирно, бело, а од болеста и од сонцето уште побело и уште попроѕирно - Човек да му ги види коските преку кожата, си мисли. - а косата, долга и со боја на `рженица, му ја развевеа ветерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дедо Геро, во ’рженицата од покривот на земјанката држел скриена мартинка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Запишав: „На садовина и скрка, скраја од џадето, долги сиви, подгниени бараки, изградени од плитари и покриени со ‘рженица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го паметам како многу сиромашно село со куќи градени со плитар и покриени со ’рженица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)