рецитал м.

рецитал (м.)

На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Завршува програмираниот рецитал на водичите - конзерватори на Атеистичкиот музеј, претставувањето на сите сектори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одличните ученици ќе подготвеа рецитал, по некое цвеќенце за бистата на паднатите Герои, пардон Херои.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Геј-идентитетот тука се изразува преку безгрижно придржување кон мажествените родови норми, како и преку пристојна, иако скромна, гордост во држењето, додека истополовата желба се пројавува во прифатливиот облик на брачна врска (Даниелс, всушност, навистина носи бурма, барем кога исполнува рецитали).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)