рецепционер м.

рецепционер (м.)

Гронинг: Тоа беше единственото андерграунд списание, така што еден ден влегов во канцеларијата на Холивуд Булевар, а рецепционерот седеше таму викајќи „Немој да работиш за овие копилиња!“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Впрочем, можеше лесно да се насети, колку и тоа вешто да го сокриваше, дека не беше обичен рецепционер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рецепционерот љубезно ми се заблагодари.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги зедов парите од банката, му дадов една сумичка на оној што ме следеше и, конечно, стигнав назад во хотелот да му платам на рецепционерот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако таксито нè вози до „Ексцелзиор“ и по предвидливиот дочек на рецепционерот, без оглед дали е оној постариот го густа, бела коса или помладиот, ќелав
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во следните две минути молчиме, додека „Kcosking“ се заменува со „Green, green grass of home“, за која, претпоставувам, пуштил нарачка некој од келнерите или можеби рецепционерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Рецепционерот дремеше на пултот и не го забележа Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рецепционерот го виде Камилски без митското куферче, му се виде како друг човек и нешто запишуваше без да го покаже изненадувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)