реферат м.

реферат (м.)

Со национални прашања не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рефератите ни беа полни со цвеќе, а наоколу никнеа трње.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но најчудно беше нешто друго, најчудно беше содржината, податоците за сета таа работа што стоеја во рефератот на Методија Гришкоски. Проклет да бидам, реферат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Доставувањето на реферати во секој поглед имаше предност над секоја друга работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За 2 октомври, кој беше прогласен како празник на мир и демократија во светот, ме задолжија да подготвам реферат и да го прочитам пред војската и народот од Елбасан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Дај го рефератот, ми вели еден офицер, и дојди со мене!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тоа се погрижи Никита Хрушчов во својот таен реферат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаете ли како великиот Ленин го дефинираше комунизмот? Секретарот ја крена главата од рефератот, погледна кон салата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Светозар Вукмановиќ на заседанието дискутирал во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Подоцна, додека од мансардниот кат на Dom Literatury го следев зајдисонцето со звукот на камбаните од Катедралата и со директен поглед врз плоштадот и Кралскиот дворец во реставрација, смислив како ќе го почнам својот реферат на научниот собир „Националната идеја како истражувачки проблем:
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Работите во куферот ми се уредно и внимателно спастрени, а врз нив лежи папката со рефератот што треба да го прочитам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Политичкиот театар ги згрижува и формите од типот: театарски работнички митинзи, дискусии и драматизација на реферати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите говорници и дискутанти во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ: Методија Андонов-Ченто, Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и другите, со целиот свој жар, ја манифестирале приврзаноста на Македонија кон југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)