репресија ж.

репресија (ж.)

Неговата понуда ја сфаќам како крајна репресија, како посегнување по елементарно човеково право, но не смеам ни да гугнам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е кадифена репресија затоа што не се чувствува како репресија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во делото Слобода, Вие докажувате дека современото општество се интегрира со помош на слободата (потрошувачката слобода), а не со помош на репресија на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потрагата по таква сигурност ги води луѓето кон сѐ подлабокото паѓање во зависност.  Но дали тоа е репресија?  Тоа е „кадифена репресија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Приказната? Дива сатира. Неумоливо, луто, сурово, цинично изложување на официјалната хипокризија, пуританската репресија, религиозниот авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Религиската репресија во земјите на социјалистичкиот лагер запо­чнала штом власта го означи Ватикан како непријател чие влијание требало да се смали, додека националните цркви како институции требало да бидат подредени на целите на режимите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повикот за современо време и историските задачи на тоа време, што е предуслов за цивилизациско опстојување на секој народ, овде под народњачката агресивна репресија во последните неколку години потполно замре.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа фалсификување на минатото од ден во ден, што го врши Министерството на вистината, е исто толку неопходно за стабилноста на режимот, колку и дејството што го имаат репресијата и шпионажата, што ги врши Министерството на љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сексуалните фрустрации на тие луѓе добиваат форми на политичко организирање и репресија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа пукна брука дека за рестрикција на хомосексуалните права гласале припадниците на малцинските групи што и самите во минатото биле жртва на репресија: црнечките протестанти и хиспаноамериканските католици.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Задоволство во кое најверојатно ја докажувам моќта за деструкција, зошто сѐ што сакав се распаѓаше во допир со стварноста и неминовно почнав да верувам во подносливоста на репресијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа своето предавање на тема „Заштита на приватноста на индивидуата со аспекти на релаксација на психолошките трауми од страв за можна репресија во наши услови” го смести во средината на ноември, во еден врнежлив, студен, депресивен есенски ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)