ремен м.
ременче ср.

ремен (м.)

Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таа кога ќе се кршне, ако така дебеличка, како ремен се вие, половината напред, половината назад. А Доста ѝ држи само „сенка“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некои ги прегледуваа пушките, други ги точеа јатаганите со камени острила, трети ги притегаа ремењето на опинците, четврти ја сместуваа храната во тагаџиците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го врза старчето за црниот стол со ременот извлечен од неговите прешироки панталони, го врза брзо и сигурно како цел живот само тоа да го работел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И додека размислуваше на тоа, додека се труеше од тие мисли, што го печеа по неговата внатрешност, Змејко можеше само да се превиткува како ремен, издолжен на тоа тврдо легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, си рече сега Змејко. Се превиткуваше како ремен на тврдото легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На ременот од појасот секој носи како змија остра и светла кама.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На другата страна беа изобесени селски гумени опинци, ремења за опашување, неколку каскети, крпени стари војнички чевли, шишиња за ламба, конци и друго.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Има црвен џемпер, темни сомотски панталони и широк ремен со блескави копчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога попладнето, последен пат излезе да го измери, снегот веќе не беше повисок од ременот на неговите панталони.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Направи два побрзи чекори и го фати Шишмана за ременот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но од свои причини, Французите не можеа да отстапат, па во еден момент едниот, а по него и другиот, се тргна назад, се фати за ременот од пушката, се вкочени и заповедно им го покажа патот што води право кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Полека сосем ѝ се доближи, ја фати со десната рака под вратот, не испуштајќи го ременот, со другата рака ја потфати одзади и ја извлече од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше облечен по европејски: во тесни пантолони, со високи чизми и кожено кусо палто, препашано со ремен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си купи и наружа бел коњ со сите ѕрнѕулки, узди, ремења, а пушките од сите негови четници ги накова по кундаците со жолти черечиња и половини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги поткревам панталоните, ременот и излегувам. Му се претставувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги нанижал птиците на еден ремен, ја нарамил пушката како некој арамбаша, па се шета, се шепури, се дуе како набабрено зрно грав! Срамота!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе