резиденцијален прид.

резиденцијален (прид.)

Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лакхдар ја забележа мојата зачуденост и ми рече: Јас, знаете, живеам во Ла Марса (резиденцијален кварт близу Картагина) во куќата во која некогаш живеел Андре Жид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)