резен м.

резен (м.)

Не сум ист како во своите ноќи, во овие ноќи поделени како резен на две Марии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Јас пак, - рече таткото, - јас бев на пазар, купив сѐ што требаше, донесов леб и го исеков на резенки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зад некаков срт се поткренала месечината со едно око слично на Арсовото. Личела на презрел резен дуња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде, замавни со ножето за да ти ја разделам главата на резени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто, тогаш, и резенките на мракот лилаво се испарувале не можејќи да најдат засолниште во корењата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човек со оштетување на еден страничен мозочен резен може да го изгуби целиот осет за спротивната страна на телото, и тоа не само во смисла да не реагира на болните стимули туку и целосно да ја игнорира таа половина од телото, заборавајќи дури и да го облече.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Додека студот штипеше, тој правеше пепелница за перењето на Калија, а кога лете доаѓаше кај нив самарџијата Димо, и на тремот со сватот Пајко се натпреваруваа во надјадување лубеници, Бошко беше тој што со мрморливо уживање ги гледаше и веднаш трчаше да ги собере расфрланите корки и резенки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)