редно прил.

редно (прил.)

Туку, побрзај со адетите… Стори што е редно, та младите да си легнат.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Та, ене го и даскалот Бино ја протепа жена му, што е даскал, та веќе оти секој втор селанец в село ја има тепано жена си барем по два три пати во животот, тоа си е редно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луѓето не е редно да се примират со вакво гадно живеење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Помисли уште оти би било редно од овој рид да се врати назад; помисли дека секој умен би се вратил сега, штом она ѕвере можело да изоди толку многу простор, а сепак, не се врати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
МИХАЈЛО: Мајко. Ова цел живот ни го кажуваш. Или никогаш ништо не си ни носела или редно е некој да ги потепа бесните кучиња кои секогаш, баш тука блиску, пред прагот, се ни претураат, во јазот, во кал. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но редно е сепак да додадам дека ваквото мое размислување произлегува од познатата навика многубројните наши болки и страдања да ги споредуваме наоѓајќи токму во тие споредби утеха.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И редно е веднаш да истакнам дека во мојот Извод од матичното недостасува податокот под називот татко, а не постојат и други податоци врзани со овој назив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па редно беше пак, и пак, да му се заблагодарува на својот исцелител - зар тоа не беше во ред?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А синот на Пајко рече: „Пријатели мои, и јас имав една умисла и редно е да ви ја кажам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Редно е, ако се може, ние живите и од таа вечност малку да штрбнеме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па така, како повреда при работа се сметаше повредата на осигуреникот причинета со непос­ редно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот – ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Редно било посилните да ги заштитуваат послабите. Ама можело и посилните да се уѕверат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)