регистарски прид.

регистарски (прид.)

Паркчето, притеснето меѓу железничката пруга и сообраќајницата, претставува идеално место да се гледаат забрзаните автомобили: можеш да ги броиш, да запишуваш регистарски броеви.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се прикрадов до грмушката на десетина метри од оревот и видов: под оревот беше паркиран џипот на Фискултурецот, со регистерската табличка што добро ја знаев: С-909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се гледаше јасно само бројот на регистерската табличка: С-909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Од Скопје? – праша и погледна на регистерската таблица. - Таму живееме..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој подаде глава и кога ја виде регистерската табла, смирено рече на македонски: - Добре дојдовте. Повелете. Влезете.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паркиравме сред село. Понастрана бела Лада со скопски регистарски таблички.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Организирањето и бришењето на подружницата се забележува во регистарската влошка во којашто е запишано трговското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)