расчекорен прид.

расчекорен (прид.)

Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ние го гледаме со Мирчета, тој седи онака расчекорен и само тупка со нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го држат така расчекорен, пилата му врви меѓу нозете, му се доближува кон ципите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седи со нозете расчекорени, со лактите на колениците и со броеници во рацете. Броениците не се обични броеници.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но сепак остана така, малце расчекорен, на средината од салата, загледан неодредено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Крмакот, расчекорен, го остри ножот за драње.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)