растрепереност ж.

растрепереност (ж.)

Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка ми, незабележливо, со своите остри погледи ни ги замрзнуваше насмевките на лицата и ние брзо-брзо излегувавме гушејќи го кикотот во дланките, оставајќи ја девојката занесена во својот ритуал, и мајка ми која правејќи се дека ништо не гледа, грижно ги бележеше тие знаци на првата девојчинска растрепереност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)