растажува несв.

растажува (несв.)

Така Андон и Благоја се спогодија: коњот носеше среќа за двајцата, и за Андона и Савка, а растажуваше пак двајца, Благоја и голобрадиот младоженец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Солзите се бистри на тагата. Еден ги лее, сите се растажуваат.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Слушаме радио, читаме весник, а таму куп информации за несреќи во светот, за глад, за немаштија, за војни, за ропство, за земјотреси, за поплави, а нас сето тоа нѐ растажува, нѐ боли.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Влакнестата пенушка се споулавува, - се возбуди Додо. – Ме растажува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не сакаше да ги растажува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе спомнам и еден детаљ што ме растажува но и разнежува истовремено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Воздивнувајќи длабоко на сеќавањата што секогаш му паѓаа потешко од другите, оти не го лутеа, туку само го растажуваа, повторно се фати за перото и продолжи на нов лист: „Возљубени мои браќа по вера!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)