расрди св.

расрди (св.)

Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Гледам дека овојпат помалку ми веруваш , но и да не веруваше баш немаше да ме расрдиш - рече и почна да плаче Пеперутката. Но од радост. Таа така тврдеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)