распушти св.

распушти (св.)

Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чувајќи ја пушката в скут, ја симнала шамијата, ја распуштила косата, руса, бујна и природна, како и наживот, и ја собрала кукул на тилот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овде ѝ се решава судбината на земјата... Распушти ги, нека си одат дома...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По некое време, сторил ниет царот да ја мажит ќерка си и распуштил абери по сета држаа негоа по момчињата: кое момче ќе ја погоди што нишан имат на снагата ќерка му, ќе му ја дал за невеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)