расправа (несв.)

Господе, господе! Што ме најде! Со нив да се расправам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: Ама што ти треба тебе да расправаш дека Бугарите му викале на маче коте.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Море Панде, што те стијоса да расправаш такви муабети?! Белки не е ништо...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Море Панде, не ти требаше да расправаш вакви муабети.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сето тоа му расправаше сега Белич, сиот пламнат и возбуден од големите и радосни преживеаници што ги чекаат таму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пет Еврејчиња, некако свечено чисти и облечени, стоеја во група и се расправаа нешто што ние, далеку од нив, не можеме да го чуеме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И долго и широко ќе почнеше да ни расправа за јуначкото семејство Караѓорѓевиќ заповедајќи ни да носиме црно платно на јаките. - Треба, придавки, да разберете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Богоја, го паметам, маж беше. Расправаа: срце имал големо како глава од теле. Со два прста вреќа зоб кревал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Сум ти расправал? Не! Е, гледаш ножовите човек треба да ги избрише од животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тој, расправа ли расправа. Го трнало срце кременарка да префрли преку рамо, како дедо му во комитското.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старицата расправа тивко, без брзање; разбудува спомен скоро покриен со расеаната старост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сум ти расправал ли за калуѓерот што сакал да стане светец? Сум ти расправал! Тогаш...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сум ти расправал ли за сите ножови, од првиот човек до денеска? Седи со мене. Слушај ме...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На улицата се собра народ. Се расправаат и чудно гледаат во прозорците од Митковиот стан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А насекаде се расправаше за нејзиниот чеиз...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе