распознае св.

распознае (св.)

Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите предмети што ги распозна пред тоа, го добија својот вистински облик со нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Борко распозна две птици. Но какви се? Црни се но не се врани, зашто летот на враните е поинаков.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Веќе не можеа да се распознаат на позициите ни востаници, ни Турци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се буткаше со начулени уши за да го распознае во нестројниот говор неговиот глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Набрзо ги распозна корпусите на бродовите на кои се држеа јарболите. Ги виде на палубата разрошканите глави на морнарите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во неа исчезнуваше сѐ, дури и ѕидовите; сега не можеше да се распознае никаков знак ни од прозорецот; во него темничината беше најгуста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па и денес местото се вика Велков Гроб, иако денес таму не може да се распознае никаква трага од некаков гроб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патниците дојдоа до каленското кладенче и Јован и Толе можеа веќе да ги распознаат што луѓе идат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со денови талавме низ песочиштата по степите на Азија И во ѕвездена ноќ стигнавме во грд Во кој ништо не можевме да распосзнаеме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури самите граѓани не можеа да си го распознаат својот град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Проклет да бидам, оддалеку можеше да се распознае дека тој ден сигурно е некој значаен празник.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, тој час и родината мајка не би ги распознала.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имено, тој, Акиноскиот, што молел на Молитвена вода, сонувал дека во дворот нивни, на Акиновци, изникнало едно дрво, круша, сето начичкано со грлести круши; некои луѓе, кои тој не можел да ги распознае во сонот, така било запишано во тефтерот, влегле од Северна порта и ги исчукале крушите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ќе го истопли лицето и ќе ја испушти лулата, се подзавртува со грб кон силните зраци, зашто од нив му се мешаат боите на конците, и замижан извесно време додека ги распознае убаво боите, продолжува да везе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе