раска (ж.)

Не почувствува како и кога се распрсна во ситни раски светлината на месечината во собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеш и раска да си видиш во очите на кондурите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Раска ми влезе в очи, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во очите му пливале грутчиња засирена крв, румени раски од кои и солзите се крвави и од кои невидено се разлава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се грижеле за дробовите и за ноздрите во кои се таложела камена прашина; се чувал видот - понекогаш невидливи парченца камен се забуцувале во очите како раски и се носеле под клепките со денови, секако додека ноќните солзи не ќе ги исцеделе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште гроб му градиш и чест му држиш... Јас не давам раска да падне на тебе, а ти?!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби ти ќе го натераш да сфати дека тој самиот од мал конец си направил јаже за бесење, и дека снопот светлина што го гледа тој е само една раска во неговото око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)