раскара св.
раскаран прид.

раскара (св.)

А пак Рожденката, бидејќи се раскара и се дели со јатрва си Митра, се нафрли на стрико Маловите невести, а особено на помладата Тода и само кај неа имаше доверба, и само таму ја пушташе сама Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште не беше довршено ѕидањето на општината и на училиштето, а во Потковицата се расчу дека Максим се раскарал со некои прилепски и битолски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе нѐ раскараат уште еднаш свои со свои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што стори фашизмот? Уште еднаш ги раскара народите, им ги умножи и размести границите, ги зголеми проклетствата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И најчесто се караше и се расправаше со оние околу него – како што се раскара со Петар, се раскара и со Варнава оној пат кога се вратија во Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој стана славен дури кога се раскара со нив и налутено ги предаде на шеријатот своите фермани за поделба на наследството.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во зборот се кријат непознати пејзажи, миризби на исчезнатите времиња, но во пресилни зборови демнат и опасности, кои можат да заведат, неочекувано да експлодираат, да разделат, раскараат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)