рамноправно прил.
рамноправност ж.

рамноправно (прил.)

Во исто време, сите модели на мислење во склопот на опозицијата кон советскиот режим, како и оние што ја митологизираа неговата алтернатива, станаа потполно неадекватни во однос на пост-советската реалност: свеста не можеше да чекори рамноправно со огромната брзина на трансформацијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеше, без сомнение, да се замисли општество во кое богатството, во смисла на лична своина и луксуз, би било рамноправно распределено, додека власта би останала во рацете на една мала привилегирана елита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Христијанските манастири често служеле за заслонување и престој на дервишите, а во имаретите, добротворните кујни градени покрај џамиите, во кои се делела бесплатно храна и преноќиште, рамноправно престојувале и христијани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас бев фатен како во стапица - не можев и не сакав рамноправно да се карам, а не можев ни да одмавнам со рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)