ракување ср.

ракување (ср.)

Импресивна глетка создава и машината што претставува механички раце, која се употребува само за ракување со опасни материјали по човечкото здравје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Примете ја оваа моја книга како мој поздрав, како мое топло ракување со вас, добри мои.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Будистите создадоа еден од најголемите “направи сам” прирачници за ракување со мозокот: Тибетанската книга на мртвите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така дојдов до следните класификации: употреба на халуциногени растенија: постапки и формули кои се користат во магијата; стекнување и ракување со предмети кои поседуваат исклучителна моќ; употреба на лековити билки; песни и легенди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога тој при ракувањето го изговори името, Елена сфати дека е странец.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во некогашниот „Металски завод Тито“ или ФАС „11 Октомври“ пишуваше: не консумирај алкохол при работа, не го напуштај предвреме работното место, користи заштита при ракување со отворен оган, пушење само во предвидените зони, пролетери од сите земји... и така натаму.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Затоа во поемата „Ракување“, ќе ги испее стиховите: „О, треба да сме триж силни по дух/ деца на мало, потиснато племе/ во бурава на светот...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! СВЕТЛИНА... ЉУБОВ... РАЦЕ ПОДАДЕНИ ЗА СВЕДЕНСКО РАКУВАЊЕ! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не може да ги разбере чудните стари играчи со отсутни мисли, но толку присутни во играта, вешти, превешти во ракувањето со картите зашто не играат на добивка кога таа им беше често гарантирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)