размавтува несв.

размавтува (несв.)

Сега сонот му е бунило. Се преметкува, ги размавтува тупаниците коишто паѓаат врз главите на неговите заспани другари и оставаат на штиците траги од крв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И сега само размавтува со раце и вика пискливо по него: „Стоте лева! Еј, стоте лева!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)