различен прид.

различен (прид.)

62. Други нѐ разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
151. Спротиставеноста помеѓу македонскиот владетел Марко и српскиот кнез Лазар Хребелјановиќ /1329-1389/ е заснована главно врз различната позиција и практичната политика на двајцава владетели: додека Марко беше турски вазал, Лазар беше независен владетел што им се спротивстави на Турците, па следствено и против Марка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Десната страна на лицето со страсната ноздра му се покриваше со секакви влакна. Имаше два различни профила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Животот и во модриот залез е различен, зол и весел вепру, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од различни места дојдовме во овој град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под стреата на некоја дрвена барака, легнат среде повеќе безработни, од различни места раскриваше неискажлива тага...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Живееше во грда, сива двокатница на крај град како жител број 8, во некаков Нојов ковчег пред кој беше голем куп на различни отпадоци (горди Хималаи) и зелена густа бара (Венеција, чао) *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ уште тој се колебаше на работ меѓу минатото и сегашноста - овие два различни по содржина света.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа тоа два сосема различни односа спрема животот и секогаш останувале неизменети.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Низ гората се слушаат различни птичји мелодии.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тие беа испратени во различни краишта во поробена Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Само страните на кои живеат се различни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Потоа, продолжи Вера, - таа му раскажала за другарувањето со неговата другарка и за тоа колку им било тешко да се разделат кога решиле да одат, во различни средни училишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, на различни служби, сѐ поретко се гледале и така ги разделил животот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе