разлистување ср.

разлистување (ср.)

Големата шума, од првото разлистување хранителка на срните и волците, го проголтала коњот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сливите беа расцутени, а планината спроти Долнец кон Гупешкиот манастир, беше на почеток од разлистување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)