разговорен прид.

разговорен (прид.)

Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трите вида правописи зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
дожд Поинаку процветува Иако: Дожд. Поинаку зборува Поинаку пее. Од Ништо створен Разговорен И кога Не-ме-е. петелот Трипати се одрече Петелот од мене.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Кога проговори, гласот му беше лесен и разговорен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)