разгатне св.

разгатне (св.)

И затоа татко ми не можеше лесно да го разгатне времето на козите, да навлезе во неговата суштина, да му се потчини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не ми беше ништо јасно: та ние само ја видовме одајата, и ништо не разгатнавме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ова полифоно пеење на немирењето и компромисот, никогаш до крај разгатнато, никогаш довршено, останато живо со своите пораки, еден ден некој од потомците судбоносно да го протолкува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како да му беше потребна сал уште една буква, па слог, на крајот, збор, за да си ја дополни формулата на алхемиската потрага, со која ќе ја откриеше вербалната еурека која, според неговата замисла, ќе му овозможеше лесно да влегува и да излегува од отоманското време за, најпосле, да ја разгатне големата енигма на идентитетот на своето семејство, на својот народ, на сите други измешани балкански народи кај кои сѐ уште не исчезнуваа јаничарските гени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)