пченка (ж.)

А со своето нивче друго е: ќе копнеш, ќе подзасадиш, пченката ќе ја рониш, некое прасенце ќе храниш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ти си крив? - викаше едниот селанец. - Твоите овци влегоа во мојата пченка!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пченките крај патот почнаа да жолтеат и да зреат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пченките пожолтеа. Мацковчани почнаа да ги берат и пченките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги развлекуваме оние неколку штици што беа разлабавени и ги полневме торбите со пченка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зад Ново Село лаеја кучиња. Долу, во полето среде во пченките, светеше фенер. Некој селанец си ја поливаше пченката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овде-онде по гумната, како злато се жолтеа кочани пченка - сиромашната селска храна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со нос старец пченка клука.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сега се берат пченките, гравот, се откопуваат компири, целиот бериќет се бере.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тука е и широкиот предел на летото што трепти врз ретката 'рж што се плетка во ченките што чади над возбудените трмки босилекот што ги прибира.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Овие птици се вистински штетници, знаат да уништат цела нива со пченка, знаат да исколваат цела градина со цреши, па така сметавме дека имаме право да ги уништуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пак одиме. Колите тресат, ние, фрлени на нив, како снопчиња пченкарушки, се тресеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Господе, ќе го покријат сонцево, ќе го заградат, велам и примижувам, застанувам меѓу огништата од гравот, од пченката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас сум за белине, вели Јон, јас сум за сонцето, ајде да копаме, вели, пченкава во нас гледа!...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полето имаше изразито зелена боја што се преливаше во разни нијанси што идеа од насадите на нивјето: пченица, 'рж, пченка, детелина, трева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги чекаат вагоните со пченка од Војводина, чекаат да се најадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе