прцле ср.

прцле (ср.)

Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се појави на средкуќи една сенка, по „ѓупски“ облечена, главата преврзана со една црна шамија; ни прцле тама, ни кркми, ни цулувци, ни појас, ни саѓија, ни гуна!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и ја кутна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прилично остроумно за прцле од седум години, а?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Под шамија се спушташе на плеќи во прцлиња црна коса, измазнета и залепена за слепоочници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)