проѕева несв.

проѕева (несв.)

ПИЈАНИОТ: (зачуден гледa околу себе. Не може да се сети како допаднал тука) Надо мори ... (Пауза). Ја нема Нада ... (Се продзева).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Изветреен си ти, Август, сосем изветреен. Публиката се проѕева кога ќе излезеш во арена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се проѕева кралот татко, на цртежот храбро трпи - дрвеници крв му пијат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Ехе, што е убаво! - слатко се проѕевна едното. - Како да сме вистински дома! - со тивка тага одговори другото, кое можеби се потсеќаваше на својот, по којзнае која причина изгубен дом.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако зинат да зборуваат или да се проѕеваат, вели, јазикот им бега и надвор им испаѓа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, половина будни, се тегнат, се проѕеваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како скокот, што се вели, како проѕевање ме префаќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле се проѕевна и се извлечка од војничкиот кревет, ги истресе отпушоците и пепелта од облогата на шлемот и го стави на глава, така што му ги прекри очите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мечките нека си ја проѕеваат својата летна несоница, на пчелите нека им ги поттурат теглите, на Караџица нека ѝ ги исполнат желбите!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Актерот рамнодушно го гледаше, директорот со израз на клише и се проѕеваше, а режисерот нешто повторно запишуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нема Парламент, нема пратеници што се проѕеваат, што спијат, нема бандоглави министри, кариеристи, Нема митаџии, контролори, наплатувачи, струјаџии, водаџии, нема ни патарини ни царини, а што е најважно: нема ни пци ни доушници, ти речи ги: кодоши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Завртеа до станица. Таму немаше веќе никој, само двајца парталави сечачи седеа во пустата чекална, загрижени и ќутливи, а наземи дисаѓите нивни се проѕеваа отчаено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум божем е бел тигар, бела мечка се надига како квасец подготвен за најголемиот леб на светот (ти викаш светот не е само она кое се гледа од оваа страна на видиковата линија и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе