проценка ж.

проценка (ж.)

По проценка на дедовците, времето кога си тргнаа гостите беше било како што сакаа тие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така мислам дека оваа неадекватност ѝ стои на патот на една непристрастна проценка на вистинската вредност на феминизмот како философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттука, не постои ултимативен превод, не постои ултимативна поема или новела, и секоја проценка може да биде дадена само со земање предвид на самиот процес на креирањето и на неговата функција во даден контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Критичарите, пак од друга страна, често вршат проценка на преводот од едниот или другиот аспект на две ограничени гледишта: од тесните погледи кон верноста на преводот (оценка којашто може да биде направена само во случај критичарот да ги познава двата јазика) или од точка на третирање на текстот на ЈЦ како дело на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Џејмс Џекобс (James Jackobs), професор на Правниот факултет на Универзитетот во Њујорк, во едно свое излагање објавено 1991 година докажуваше дека „недостатокот од јасен предлог за легализација ја отежнува и проценката на проблемот и критиката на тој став.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзиното третирање на Хјум е особено корисно со оглед на тоа што таа ги демонстрира притисоците во својата мисла кои бараат различни проценки.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ти си можеби подводниот Вок со едно око? – праша Дедо Мраз со непроверена проценка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еднаш-двапати се поднаведнав, се позагледав повнимателно долу, зедов земја меѓу прстите, ја прожулавив за да можам да ја осетам и да направам проценка и да ја одредам натамошната стратегија. Сува и плазикава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Всушност мене ми недосатасуваша проценката на последиците од кои би можело да ме избави самоуништувањето?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ги разјадува, рушејќи има ги сликите на визијата, создава лоша проценка на подоцнежната старост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За разлика од Твојата вина, почитуван Леко, јас бев осуден само заради грешна проценка во остварувањето на животните цели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа неблагодарна задача, да се оценува некого кој веќе е признат за неприкосновен големец, почна видно да ги изместува нејзините естетички погледи, да ги измрдува и разбива, како што до пред малку мислеше, нејзините цврсто востановени критериуми за вредност, да ја прави несигурна во проценката, да ги руши нејзините критичко-теоретски сознанија, да ѝ го руши угледот пред останатите студенти.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дека тие згрешиле во проценката!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа граѓанска војна што изби во Грција, по моја проценка (можеби не сум во право) беше лудост.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе